Руските спортисти нема да настапуваат на ЗОИ во Пјонгчанг

EPA/JEON HEON-KYUNEPA/JEON HEON-KYUN

Интернационалниот олимписки комитет им забрани на руските репрезентативци да учествуваат на претстојните Зимски олимписки игри во јужнокорејскиот град Пјонгчанг.

Причината е позната, а тоа е користењето допинг средства од голем број спортисти од оваа земја на претходната Олимпијада во Сочи и тоа со систематска поддршка од државата.

ИОК носејќи ја одлуката уште еднаш потсети дека руските спортисти кои ги почитувале анти-допинг контролите ќе можат да учествуваат под неутрално знаме, односно ќе бидат водени како „олимписки спортисти од Русија“.

Facebook Коментари