Поврзете се со нас

Светски првенства

Рускиот селектор: Сите ја посакуваат Македонија за противник, но…..

Објавено

на

Валери Карпин најави заминување од селекторската функција во Русија по поразот кој го претрпе националниот тим во последното одлучувачко коло со Хрватска, но сега се предомисли и ќе го води тимот на бараж натпреварите за Светското првенство.

Поради промената на одлуката и останувањето во репрезентацијата, Карпин е топ тема во руската спортска јавност во изминатите неколку дена, па сега проговори и за потенцијалните противници кои можат да ги добијат на ждрепката која ќе се одржи за четири дена.

Русија е еден од шесте носители во групата на фаворити, а како таква, ќе добие полуфинален ривал од втората група селекции во кои е и Македонија. Карпин не крие дека сите во Русија ја посакуваат Македонија за противник, иако самиот тој нагласува дека фаворитската улога е само на хартија.

– Не може да се дефинира со проценти кои ни се шансите во баражот. Важно е каков противник ќе добиеме на првиот меч. Сите во Русија вела дека најдобро е да се падне Македонија, веројатно тоа би бил најдобар противник за нас. Сите го мислат тоа, но ќе кажам дека тоа е така само на хартија. Теренот е таму кадешто треба да се докажеме, – вели Карпин.

– Во финалето може да се падне било кој, покрај Португалија и Италија, постоеше опција во баражот да биде и Шпанија. Србите докажаа дека имаат силна генерација, наша задача е да се носиме со сите можни противници во баражот. Кога е во прашање Италија, тоа е работа за психолог. Не знам што им се случи по Европското првенство, – додава рускиот селектор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни