Поврзете се со нас

Франција

Рускиот голман му испрати порака на Донарума: Не дојдов во ПСЖ да бидам втор голман

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/PSG_English

ПСЖ веќе го ангажираше Матвеј Сафонов како прво летно засилување, а тоа значи нов конкурент на Џиџио Донарума на голманската позиција.

Италијанецот досега беше прв избор на тренерот Луис Енрике, но Сафонов вели дека не дошол во францускиот клуб за да му биде резерва на Донарума.

– Мене никој не ми кажал дека сум доведен да бидам „број два“ на голманската позиција.

– Дојдов во Париз да се борам, сакам да играм, па дури и некој да ми речеше дека ќе бидам резерва, немаше да го слушам.

– Ако бидам резерва, ќе се борам жестоко и нема да му биде лесно на тој што ќе биде „број еден“. Никогаш не сум загубил битка, секогаш сум бил прв голман, така беше во Краснодар, така е и во руската репрезентација. Во Франција не ме знаат бидејќи сум Русин, но верувам дека ќе бидам прв избор, – изјавил Сафонов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни