Поврзете се со нас

Боречки спортови

Руски новинар најави големо враќање: Хабиб Нурмагомедов се враќа во УФЦ спортот

Објавено

на

Дагестанскиот борец, Хабиб Нурмагомедов е главна тема во светот на боречките спортови во последниот период.

Познатиот фајтер кој зад себе во ММА борбите има скор од 29:0 се повлече од активното борење по победата над Џастин Гејџи и најави дека веќе нема да се враќа во октагоните.

Хабиб можеби нема да се врати во октагоните како активен учесник во борбите, но планира да остане во овој спорт затоа што веќе купил ММА клуб кој планира да го раководи во иднина.

Рускиот новинар, Азамант Бостанов пренесува дека Хабиб го купил тимот „Gorilla Fighting Championship“ кој веднаш го преименувал во „Eagle Fighting Championship“ и планира со него да воспостави соработка со УФЦ и Дана Вајт.

Неодамна Хабиб преку социјалните мрежи најави дека наскоро повторно ќе се видат со првиот човек на УФЦ, а иако многумина помислија дека е можно негово враќање во октагоните, сепак средбата ќе биде од поинаков карактер.

Според рускиот новинар, Хабиб клубот ќе го развива во САД и Азија каде ќе бара борци кои ќе може достојно да го заменат во октагоните.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни