Руски хулиган уапсен поради обид за убиство на англиски фан за време на ЕП во 2016 година

ruski-huligani

Руски хулиган чие име не е објавено бил уапсен од германската полиција, откако сакал да го следи гостувањето на Спартак Москва кај Атлетик Билбао.

Навивачот е уапсен на аеродромот во Минхен откако по него се трагаше од летото 2016 година, кога беше обвинет дека учествувал во напад со метални шипки над англиски навивачи, од кои двајца завршија со потешки повреди.

Русинот е обвинет дека го претепал Ендрју Бач, навивач на Портсмут кој ја бодрел англиската репрезентација на Европското првенство во Франција, а по нападот во Марсеј останал парализиран на левата страна. На обвинетиот му се заканува затвор во должина од 15 години, а наскоро ќе биде депортиран во Франција каде го очекува судски процес.

Facebook Коментари