Поврзете се со нас

АТП

Руски фан го разбесни Шаповалов: Излези надвор, нема да продолжам да играм (Видео)

Објавено

на

По одиграните полуфинални дуели оваа сабота, стана јасно дека во утрешното финале во Санкт Петербург силите ќе ги одмерат Андреј Рубљов и Борна Чориќ, откако двајцата излегоа како поуспешни во двата меча во кои се играа по три сета.

Хрватот Чориќ со пресврт славеше победа од 2:1 над Милош Раониќ, додека домашниот тенисер Рубљов ќе се бори за титулата утре во родната земја по жестоката битка со Денис Шаповалов.

Покрај фантастичните поени од двете страни, ова полуфинале ни донесе и една бесна реакција од младиот Шаповалов, кој одби да продолжи да игра се додека не биде отстранет еден фан од трибините.

Протоколите во Русија дозволуваат да има лимитиран број на гледачи на трибините, а еден од нив до толку го разбесни Шаповалов, што овој почна да се заканува дека нема да го продолжи мечот додека обезбедувањето не го отстрани навивачот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни