ВТА
Руска тенисерка ги изигра правилата и ќе настапи на Вимблдон!

Организаторите на Вимблдон поддржани од британската влада решија да забранат настапи на сите тенисери и тенисерки од Русија и Белорусија на новото издание на престижниот турнир, но непосредно пред да почнат официјалните подготовки за големото натпреварување, пристигна една интересна и необична вест.
Имено, една руска тенисерка успеа да ги изигра правилата и сепак ќе настапи на Вимблдон, откако во период од неколку седмици реши да го искористи правото на друго државјанство.
Русинката Натела Ѕаламидѕе реши да го промени државјанството неполни десет дена пред почетокот на Вимблдон и со тоа ја издрибла забраната за настап на играчи од Русија.
Тенисерката која е 44-та во дубл конкуренција ќе се појави на лондонската трева во Ол Ингланд Клубот бранејќи ги боите на Грузија, а ќе се натпреварува во игра на двојки со Србинката Александра Круниќ.
Натела го искористила правото да стане Грузијка поради потеклото на еден од родителите, па со ова ги задоволила потребите на организаторите на Вимблдон и ќе настапи на 135-то издание на тенискиот турнир.
-
Англијапред 23 часа
Мерсон за повлечениот потег на Арсенал: Тој не може да биде стартер ниту во Фулам
-
Светпред 15 часа
Халанд не се однесува како голема ѕвезда и ги воодушеви присутните на плажа во Марбелја (Видео)
-
Англијапред 15 часа
Фоден избркан од луксузна плажа на Крф поради бесна караница со својата девојка (Видео)
-
Италијапред 16 часа
Малдини со рецептот „Тео Ернандес“ привлекува играч на Реал кој е во последната година од договорот (Фото)
-
Светпред 24 часа
Ди Марија се плаши за местото во репрезентацијата: Само еден е сигурен!
-
АТПпред 22 часа
Циципас триумфираше во Мајорка, Надал му испрати порака: Победи го Ѓоковиќ на Вимблдон (ВИДЕО)
-
Германијапред 23 часа
Барселона се впушта во завршна офанзива за Левандовски
-
Италијапред 19 часа
Милито му испрати трансфер совет на Дибала: Желбата за одмазда ќе направи разлика