Поврзете се со нас

Италија

Русите се пофалија со Орсато, Италијанецот на крајот го откажал ангажманот

Објавено

на

Фото: twitter.com/AIA_it

Даниеле Орсато беше еден од најреномираните италијански судии последната деценија, а официјално ја заврши својата професионална кариера со неколку важни натпревари на ЕП во Германија.

Очекувано е Орсато да добие поинаква улога со која ќе го користи искуството за да им помогне на помладите колеги, но изненадувачка беше информацијата дека ќе работи за Руската фудбалска федерација.

Русите преку интернет страницата на федерацијата објавија дека Орсато ќе биде дел од експертско-судиската комисија, во која членуваат и Милорад Мажиќ, Џунајт Чакир и Нестор Питана, за неколку дена подоцна екс судијата да демантира вакво нешто.

– Бев контактиран од Руската федерација и побараа од мене да се вклучам во експертска комисија која ќе им помага на судиите.

– Поласкан сум од понудата, но решив да ја одбијам поради актуелната ситуација и моите етички принципи на кои секогаш им давам предност, – рекол Орсато.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни