Поврзете се со нас

Европски првенства

Русите промашија пенал со „звукот на сирената“, Шпанија ја продолжи победничката серија (ВИДЕО)

Објавено

на

Селекцијата на Шпанија многу потешко од очекувањата издвојува победа над Русија од 26-25 во првиот меч од денешната програма на Европското првенство.

„Црвената фурија“ иако важеше за апсолутен фаворит тоа не го потврди на теренот иако на крајот може да се пофали со триумф со кој ја продолжи победничката серија на шампионатот. Русите во вториот дел имаа и предност од плус четири, но му дозволија на противникот да ги стигне, направи пресврт за да на крајот четата на Петковиќ сепак добие шанса за реми со звукот на сирената.

Имено по прегледувањето на снимката данските арбитри Хансен и Мадсен се решија да досудат пенал за „зборнаја“, одговорноста ја презема Сорока, но неговиот удар заврши само во рамката од голот на Де Варгас.

Ова за Шпанците беше втора победа во главната фаза, за Русија пак втор пораз.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни