Русите со пресврт до злато на хокеарскиот турнир во Пјонгчанг (Видео)

rusija-hokej

Руската хокеарска репрезентација го освои златниот медал на ЗОИ во Пјонгчанг, откако во драматичен натпревар ја совлада Германија по продолжение.

Германците беа блиску до сензација, на помалку од една минута до крајот водеа со 3:2, но Русија избори дополнителни минути, а во нив Кирил Капризов постигна гол за конечни 4:3 и прв триумф на оваа селекција уште од Албервил во 1992 година.

Среброто за Германија е историски успех, а на церемонијата на доделување на медалите, руските хокеари сами си ја испеаја националната химна бидејќи ИОК дозволува интонирање на олимписката химна за секој златен медал на руските спортисти. Интересно, Русите никогаш не ја слушнале својата химна на церемонијата на хокеарскиот турнир, иако досега имаат девет златни медали. Првите седум се наследени од Советскиот сојуз, во 1992 година настапија како Обединет тим, а сега како Олимипски спортисти од Русија.

Facebook Коментари