Поврзете се со нас

АТП

Русинот ужива да игра во Катар: Рубљов освои втора титула на турнирот во Доха (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/AustralianOpen

Андреј Рубљов мина низ тежок период како последица на тешка депресија и мораше да се избори со приватни проблеми кои му донесоа немир и на тенискиот терен, но како што стојат работите, Русинот полека се опоравува од непријатниот период во животот.

Рубљов зад себе остава извонредна недела на тениски план и повторно го покажа своето најдобро лице во Катар, земја во која ја освои втората титула на еден ист турнир.

АТП турнирот во Доха заврши денеска со победа на Рубљов во големото финале, и тоа во дуелот со разиграниот Џек Дрејпер.

Откако ги совлада Де Минор и Алијасим во три сета, Русинот и денеска играше меч со одлучувачки сет, а во истиот беше подобар со 6:1.

Рубљов одново славеше со 2:1 и ја освои својата втора титула во Доха, турнир на кој претходно славеше во 2020-та година.

За Андреј ова беше прво финале на еден турнир по она во Монтреал од минатата година, па јасно е дека освоената титула ќе биде добар потстрек за тоа што следи.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни