Поврзете се со нас

Македонија

Русинот Санталов ја „префрли топката“ и објасни зошто во последен момент го извиси Вардар

Објавено

на

Дмитри Санталов во последен момент го „извиси“ Вардар и ова претпладне стана јасно дека нема да пристигне во Скопје, иако се најавуваше како големо засилување за тимот на Стевче Алушовски за наредната сезона.

Рускиот лев беше денеска беше потврден како нов играч на Мешков Брест во ситуација кога сите го чекаа во македонската престолнина, изненадувачки потег кој сепак не треба трагично да се сфаќа, бидејќи Вардар навистина добро е покриен на оваа позиција.

Покрај тоа што беше ангажиран репрезентативец Филип Талески, Вардар го задржа и Германецот Кристијан Дисингер, па оваа позиција и не е толкав приоритет при составувањето на комплетниот ростер.

Сепак, посебно изненади начинот на кој Санталов заврши во Брест, а од тоа останаа зачудени и руските медиуми кои побараа одговор од ракометарот.

– Имав понуда и од Вардар, но и од Бундеслигата. Прашањето зошто не заврши во Вардар треба да им го поставите на двата клуба. ЈА следев ситуацијата во Вардар, знам дека се промени раководството, сфатив дека концептот на клубот почнува да се менува. Остана да чекам на одлуката, но на крајот излезе друго, – изјави Санталов за „Брз центар“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни