Поврзете се со нас

АТП

Русинот е елиминиран: Де Минор му зема мерка на Медведев на Ролан Гарос

Објавено

на

foto: x.com/rolandgarros

Петтиот светски тенисер Данил Медведев е елиминиран во осминафиналето на Ролан Гарос, фаза во која го надигра Алекс Де Минор од Австралија.

Борбениот Де Минор уште еднаш потврди дека е многу незгоден играч кој знае да се носи со најдобрите кога има свој ден и кога е на високи ниво.

Тој го реши Медведев по скоро три часа игра со 4-6, 6-2, 6-1, 6-3. Со денешниот триумф тој стана прв рекет од Австралија по Лејтон Хјуит (2004 година) кој успеал да се пласира во четвртфиналето во кое ќе игра со победникот од пресметката Александер Зверев-Холгер Руне.

Воедно Алекс намали на 6-3 во дуелите со Медведев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни