Русија триумфираше на Европското првенство во одбојка

rusija-EP

Одбојкарската репрезентација на Русија е нов европски шампион во машка конуренција. Русите вечерва во големото финале во Краков ја совладаа Германија со 3:2 во сетови во максимално неизвесен натпревар на кој и двете селекции имаа свои одлични моменти.

Русија го доби првиот сет со 25:19, возврати Германија со 25:20, фаворитот повторно поведе (25:22), по што следуваше и ново израмнување (25:17), за Русија да го добие петтиот решавачки сет со 15:13 и да стави печат на европскта титула на првенството кое се одржуваше изминатиов период во Полска. Русите последен пат беа европски шампиони во 2013 година.

Претходно, во малото финале, Србија направи целосен пресврт и од 1:2 стигна до победа за бронзени медали со 3:2 против селекцијата на Белгија.

Facebook Коментари