Поврзете се со нас

Европски првенства

Русија не прегази во Перм, ЕП е се подалеку

Објавено

на

Кошаркарската репрезентација на Македонија претрепе убедлив пораз од Русија од 17 разлика (94-77) во вториот натпревар во „балонот“ во Перм во рамките на квалификациите за Европското првенство.

За разлика од вчерашниот дуел со Италија на кои бевме одлични и малку фалеше да направиме изненадување, попладнево бевме надигра од домаќините кои беа доминатни под кошевите каде собраа дури 45 скокови од кои 18 беа офанзивни, додека пак ние имавме севкупно 21 скок.

Русија во првиот дел дадоа 51 поен и со плус 18 заминаа на одмор (51-33) за да во продолжението без проблеми ја одржуваат оваа предност.

Војдан даде 18 поени, Вајли уфрли 16, додека по 11 додадоа Ѓуроски и Николов. На спротивната страна прв стрелец беше центарот на ЦСКА Москва, Боломбој со 19 кошеви.

Утре е ден за одмор по што следуваат пресметките против Италија и Естонија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни