Русија ја скрши Грција во вториот дел и обезбеди полуфинален билет

sved

Селекцијата на Русија е третиот полуфиналист на Европското кошаркарско првенство чија завршница се одржува во Истанбул во арената „Синан Ердем“.

„Зборнаја“ дојде до четирите најдобри, откако предмалку ја реши репрезентацијата на Грција со 74-69. Јужниот сосед беше подобар во првиот дел (37-31) и на почетокот на третиот период во кој дојде и до плус 11 (47-36), меѓутоа Русите не се предадоа, беа упорни и полека му се доближуваа на противникот за да во четвртата четвртина му го зададат конечниот удар.

Швед со 26 поени беше најпрецизен кај победниците, но имаше катастрофален шут 7 од 22, плус имаше 7 загубени топки. Центарот Мозгов дојде до дабл-дабл од 15 поени и 10 скокови, Фридзон уфрли 11 кошеви, додека Воронцевич имаше учинок од 8 поени и 12 скокови.

Најсветла точка кај Грците беа Каталес со 25 и Принтезис со 19 поени.

Русија во полуфиналето ќе игра со подобриот од мечот Србија-Италија.

Facebook Коментари