Русија еднаш „падна“, време е за реприза

makedonija sreka

Македонските ракометари до 21 година денес против Русија ќе го започнат разигрувањето од 5. до 8. место на Светското првенство во Алжир.

По поразот од Франција во четвртфиналето, среќата сакаше уште еднаш да ги одмериме силите со Русија, откако тие во четвртфиналето беа поразени од Данска со 38:31.

Со Русија го отворивме Мундијалот во Алжир, кога победивме со 29:22, со одличното второ полувреме во кое победивме со 19:11, откако по првиот дел Русите имаа минимална предност од 10:11.

Денес ситуацијата ќе биде уште потешка, бидејќи селекторот Темелковски нема да смета на повредените Горан Крстевски, Филип Арсеновски и Марко Нелоски.

Денешната средба е со почеток од 13:30 часот, па нека биде „реприза“ како првиот дуел. Доколку оствариме победа ќе се бориме за петтото место со подобриот од дуелот помеѓу Тунис и Унгарија.

Facebook Коментари