Поврзете се со нас

Македонија

Рушевиќ донесе три бода за Работнички против Тиквеш

Објавено

на

foto:www.facebook.com/fcrabotnicki

Фудбалерите на Работнички славеа над Тиквеш со 1-0 во последниот натпревар од 23. коло во Првата македонска лига.

На средбата која се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски” во Скопје беше доволен еден гол за да „романтичарите“ им се вратат на победите во шампионатот по поразот од Вардар и ремито со Гостивар.

Се играше завршницата на првиот дел кога домаќините се изборија за удар од 11 метри, одговорноста ја презема офанзивецот Анес Рушевиќ кој биеше прецизно за 12. славје во првенството.

Со ова клубот од Дебар Маало дојде до 44. бода со што се израмни со Гостивар, еден повеќе има второпласираниот Силекс, додека Шкендија е прва со 49 поени.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни