Поврзете се со нас

АТП

Руседски нема дилеми: Ѓоковиќ е број еден, причината е едноставна

Објавено

на

Foto:instagram.com/djokernole

Новак Ѓоковиќ со добриот настап на Ју-Ес Опен си овозможи враќање на првата позиција на АТП листата.

Србинот има значајна предност во однос на второпласираниот Карлос Алкарас, но воедно има и доста поени кои треба да ги одбрани до крајот на сезоната.

Ова дефинитивно гарантира возбудувања во продолжението, но за некогашниот светски рекет број четири, Грег Руседски нема дилеми кој е најдобриот ас во 2023 година.

-Новак е број еден за оваа година кај тенисерите, иако на таа позиција помина помалку недели од Карлос. Причината е едноставна, тој не можеше да игра на Мастерсите во Индијан Велс и Мајами.

-И тенисерите знаат колку големи турнири пропушти Ѓоковиќ поради ковид. Сето тоа треба да се земе предвид. Мислам дека Новак се чувствуваше најдобро на светот дури и кога АТП рејтингот тоа не го покажуваше, токму поради сето тоа, -истакна Руседски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни