Англија
Руни знае што му фали на Јунајтед: Идентитетот на клубот…

Манчестер Јунајтед има само две победи по седум одиграни кола во Премиер лигата и со осум освоени бода е во вториот дел на табелата или поточно на четиринаесеттата позиција.
Тоа секако е под нивото на реноменото, клубот кој со летните инвестиции во екипата најавуваше и борба за врвот, ама засега е далеку од тоа како со резултатите така и со самата игра. Најголеми критики има за менаџерот Ерик Тен Хаг за кого веќе почна и да се пишува дека е на излезни врати, поточно дека се чека некој поголем кикс за да се прекине соработката со него.
На Вејн Руни кој е легенда на клубот дефинитивно не му е лесно да го гледа она што се случува, па од свој агол се обиде да посочи што му недостасува на Јунајтед. Тој верува дека на екипата и се потребни квалитетни домашни, британски играчи кои ќе бидат лидери на теренот.
-Мислам дека за сите што сакаат Манчестер Јунајтед да функционира добро, ова е фрустрирачко. Јунајтед е 14-ти во Премиер лигата, не е таму каде што сака да биде. Мислам дека она што Јунајтед го направи во последните неколку години, тие променија менаџери и се обидоа да одат со нов менаџер и да се обидуваа да градат, но што и да донесоа не успеа.
-Ерик тен Хаг, тој е искусен менаџер, знам дека исклучително напорно се труди да го постигне тоа како што треба. Мислам дека културата на фудбалскиот клуб е… видовме многу играчи кои влегуваат, многу странски играчи. Мислам дека идентитетот на Манчестер Јунајтед секогаш беше добро јадро на британските играчи и мислам дека тоа можеби недостига малку, па играчите кои можат да ја контролираат соблекувалната и да му помогнат на менаџерот кога минуваат низ тежок период.
-Така, мислам дека тоа е голема промена, ако сакате, од она што го видов во последните неколку години, но се надеваме дека Тен Хаг ќе ја сврти ситуацијата и екипата ќе биде конкуретна, -порача Вејн за „Токспорт“.
Јунајтед сега како домашни играчи (Британија) ги има Еванс, Рашфорд, Мегваер, Мејну, Маунт, Шо, Хитон, ама колку од нив се лидери и можат да се споредат од времето на Руни како Невил, Фердинад, Сколс, Гигс, Керик…е друга приказна.
-
Италија19 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија18 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет22 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија16 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет21 час
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…
-
АТП17 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
ВТА20 часа
Историска победа: Швјонтек ја остави Анисимова на „нула“ и ја освои првата титула на Вимблдон
-
Свет17 часа
Си пронајде нова средина: Барди ќе ја носи „десетката“ во друг турски суперлигаш (Видео)