Поврзете се со нас

Англија

Руни за ѕвездата на Јунајтед: Тој е во привилегирана позиција што игра за клубот, мора да биде…

Објавено

на

Foto:twitter.com/BCFC

Вејн Руни направи многу во својот мандат како играч на Манчестер Јунајтед, па дефинитивно сака да види некој кој ќе може да го надмина, покаже нешто слично што тој го правеше во дресот на англискиот великан.

Руни даде 253 погодоци за „црвените ѓаволи“ бројка која не е лесно да се повтори од сегашните играчи од кои големиот борец имал високи очекувања од еден играч кој пак во оваа кампања е бледа сенка од минатата-тоа е Маркус Рашфорд.

-Тој е во привилегирана позиција што игра за Манчестер Јунајтед. Сум кажал и претходно, тој е единствениот играч за кој навистина верував дека може да оди и да го достигне мојот рекорд за голови, се надевам дека ќе го постигне тоа затоа што е момче од Манчестер, но треба да постигне одредена конзистентност.

-Се разбира, тој нема најдобра сеозна, но треба да најде форма и конзистентност и да стане лидер на овој тим, -вели Руни кој смета дека соиграчите треба да му помогнат на Маркус да го крене нивото на игра.

-Мислам дека Маркус не е таков тип на играч, не мислам дека е лидер и понекогаш неговиот говор на телото не изгледа најдобро од таа гледна точка. Затоа ги гледам Касемиро, Варан, Бруно [Фернандеш] како капитен. Тие се играчи кои треба да го извлечат тоа од Маркус затоа што понекогаш ви се потребни и вашите соиграчи да извлечат повеќе од вас, -заклучи Вејн.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни