Англија
Руни за црниот период во кариерата: Пиев додека не се онесвестам!

Вејн Руни се запозна со сите фудбалски предизвици во раната фаза на кариерата и уште како тинејџер го привлече вниманието на себе, а тоа му овозможи да направи трансфер во најдобриот англиски клуб во тоа време.
Манчестер Јунајтед го ангажираше големиот талент на Евертон и Сер Алекс Фергусон го зема Руни под своја закрила, па иако од него успеа да направи светска фудаблска ѕвезда, Вејн вели дека не било баш се идеално за време на почетоците.
Новиот менаџер на Бирмингем се исповеда во подкастот на Роб Бароу и се наврати на мрачните денови кога имал 20-тина години, кога единствена утеха за притисокот кој го носел со себе наоѓал во алкохолот.
– Имав многу различни предизвици во раната фаза од кариерата, на теренот, но и надвор од него. Единствено нешто во што пронаоѓав утеха беше алкохолот. Кога имав 20 години, знаев да минам неколку дена дома без да излезам и пиев се додека не се онесвестам.
– Не сакав да бидам во близина на никој, се чувствував како да ги имам разочарано и ми беше срам да се појавам пред нив. Во алкохолот барав решение за секој свој проблем, бев премногу затворен и не разговарав со никој. Имаше со кој да зборувам и кој да ми помогне, но решив да решавам со алкохол. Тоа беше период кој се провлекуваше неколку години, но за среќа сето тоа е зад мене и сега немам срам да зборувам со луѓето кога имам некој проблем, – открива Руни.
-
Италијапред 23 часа
Тасоти посочи што треба да биде приоритет за Милан во зимскиот преоден рок: Тоа е од суштинско значeње
-
Англијапред 21 час
Храбриот Лутон падна во 97. минута, Рајс е херојот на Арсенал (ВИДЕО)
-
Светпред 9 часа
„Бомба“ од Шкотска: Селтик ќе урива трансфер рекорд за да го доведе Миовски!
-
Балканпред 24 часа
Канаваро пред тренерски ангажман во Турција
-
Светпред 22 часа
Белингем: Сонувам, секој ден се плашам дека некој ќе ме разбуди
-
Англијапред 13 часа
Непроценливо видео: Раја прими смешен гол, Рамздејл му фаќаше сеир од клупата за резерви
-
Европски куповипред 23 часа
Лазаров: Ова е историска победа, ќе продолжиме да работиме за доброто на македонскиот ракомет
-
АТПпред 14 часа
Љубичиќ: Синер не е како Алкарас…