Поврзете се со нас

Европски првенства

Руни упати совет до Саутгејт и му посочи кои играчи да ги користи во следните натпревари

Објавено

на

Најдобриот стрелец во историјата на англискиот репрезентативен фудбал, Вејн Руни, упати совет до селекторот на „Гордиот Албион“, Герет Саутгејт во пресрет на останатите натпревари од Европското првенство.

Англија одигра непопуларно реми без голови со Шкотска, а Руни имаше забелешка на изборот на играчи на Саутгејт за овој натпревар.

Селекторот на Англија, втор пат по ред го остава Џејдон Санчо на клупата, а од клупата за резерви во игра влезе Џек Грилиш кон средината на второто полувреме. Токму овие двајца играчи според Руни треба да добијат шанса на сметка на Фил Фоден кој е играч креиран за стилот на игра на Манчестер Сити.

– Сити игра многу во последната третина од теренот каде го држат поседот, а Фоден не е дриблер туку играч кој дава убави додавања и може да се постави на добри позиции. Во Сити, движењето на неговите соиграчи околу него му го овозможува тоа. Сити игра на брзи додавања и тогаш се отвора место за Фоден кој може да влезе и како број 9, но и како број 10. Кога ќе игра за Англија тој е малку изолиран на страните, а кога ќе ја прими топката поседот е бавен и многу малку нешта се случуваат околу него.

– Тоа значи дека тој треба да дрибла, а ако се бара таква игра од твоите крилни фудбалери и бараш играч што дрибла, зошто не ги играш Грилиш и Санчо, двајцата кои се најдобри во тоа во селекцијата на Англија. Го сакам Фоден како фудбалер, но мора да се разбере дека во минативе четири години тој беше моделиран како играч за Манчестер Сити, -напиша Руни во својата колумна за „Тајмс“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни