Англија
Руни типуваше кој ќе ја освои титулата во Премиер лигата и понуди свои аргументи

Вејн Руни неодамна го презема Дерби Каунти и официјално влезе во менаџерските води, па како човек кој сега ќе има далеку поголема одговорност во Дерби Каунти, легендарниот напаѓач се осврна и на големата трка која се очекува да се води во Премиер лигата оваа натпреварувачка сезона.
Во интервјуто кое го направи за „Скај Спортс“, поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед им даде предност на избраниците на Оле Гунар Солскјер во ситуација кога се на врвот на табелата, потенцирајќи дека тимот сега има потребни лидери кои можат да го направат исчекорот кој во последните години изгледаше невозможен.
Неповторливиот голгетер на Јунајтед смете дека Оле и неговите играчи ќе издржат до крајот и ќе ја освојат титулата во најсилното англиско друштво, добивајќи ја битката во силна конкуренција против Манчестер Сити и Ливерпул.
– Во последните неколку години Манчестер Јунајтед не беше подготвен да се бори за титулата. Но, сега имаат силни играчи, изградија тим во кој има и лидери. Бруно Фернандеш многу помогна за огромен напредок, Единсон Кавани има победнички менталитет, сетоа тоа е огромен плус. Сега овој тим може да се бори за Премиер лигата.
– Пред шест седмици на моите тренери им порачав дека Манчестер Јунајтед ќе ја освои титулата и се уште го мислам тоа денеска. Очекувам Пол Погба да има огромен удел во тоа, сега има играчи со победнички менталитет, а Погба ќе може да го покаже својот квалитет на теренот, – додаде Руни.

- Англијапред 23 часа
Солскјер откри кој е најлош губитник во Јунајтед: Сите мислат дека тоа е Бруно, но….
- Балканпред 19 часа
Уапсен претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија, имал блиски релации со „српскиот касап“ Веља Неволја
- Италијапред 18 часа
Не е подготвен за италијанскиот фудбал: МекКени не можеше да го тргне погледот од задникот на Дилета Леота (ФОТО)
- Италијапред 23 часа
Дојде и тој ден: Роналдо постигна гол, соиграч го имитираше на теренот за време на прославата (Видео)
- Англијапред 22 часа
Клубови од Италија и Шпанија заинтересирани за играч на Манчестер Јунајтед, од клубот му подготвуваат нов договор
- Англијапред 19 часа
Тухел откри дека добил „корпа“ од најголемата ѕвезда на Манчестер Јунајтед: Сериозно го сакав во мојот тим
- НБАпред 16 часа
Дончиќ: Не можете да ме споредувате со Лери Бирд
- Шпанијапред 18 часа
Пике ги предупреди ривалите: Се уште сме живи, сезоната комплетно ќе се смени…