Англија
Руни: Тажно е ова што се случува со Рашфорд, му кажав…

Маркус Рашфорд веќе некое време е во незавидна ситуација во Манчестер Јунајтед, клубот во кој е веќе две децении со оглед на тоа што дека уште од мали нозе настапува за англискиот великан.
Тој од последниот месец од минатата година е „замрзнат“ во Јунајтед, поточно не добива никаква шанса од тренерот Рубен Аморим на кого не му се допаѓа неговото однесување, како тренира и работи со тоа што засега Маркус остана мирен и нема дадено ниту еден коментар на оваа тема.
Вејн Руни добро знае што значи да си дел од Јунајтед, да биде успешен, па е шокиран од тоа што се случува со напаѓачот.
-Влегов во Керингтон во неделата за да ги однесам моите деца на денот на натпреварот, а Маркус беше на теренот за тренинзи со фитнес тренерот, но беше веднаш кон местото каде што родителите минуваа за да ги играат детските мечеви. Се сеќавам дека го гледав и размислував што ако јас сум таму… колку е срамно што родителите поминуваат покрај него. Сè повторно се прави, па тие се на страната на академијата, па тој е таму и сите родители поминуваат покрај нив, -вели Руни и додава:
-Бев изненаден кога ова започна пред повеќе од две години, бев изненаден тогаш, сега не сум. Разговарав со Маркус неколку пати, му ги дадов моите размислувања, моето мислење, му кажав дека треба да го напушти Јунајтед. Бидејќи што и да се случува во неговиот живот, што и да се случува во Манчестер Јунајтед, тој не е истиот, не е тој, па му реков за да има нов почеток, треба да го напушти клубот. Мислам дека со Маркус ова трае веќе две години и е тажно, навистина е тажно. -заклучи Вејн.
-
НБА16 часа
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Италија15 часа
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)
-
Англија14 часа
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Англија24 часа
Јоро откри каква Ватсап подготовка добиваат дефанзивците од Аморим пред секој натпревар на Јунајтед
-
Шпанија6 часа
Ханси Флик за една своја ѕвезда: Тој не се споредува со ниту еден друг играч во светот
-
Шпанија23 часа
Капитен на шпански прволигаш оди на принудна пауза поради тешка болест: Ми се врати ракот (Видео)
-
Франција21 час
Луис Енрике: Ви реков дека ќе бидеме подобри во одбрана и во напад без Мбапе!
-
НБА17 часа
Лејкерс донесе и центар за борбата под обрачите (ВИДЕО)