Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Руни: Тактиката на Фергусон во двете финалиња против Барселона беше самоубиствена!

Објавено

на

blank

Вејн Руни коментираше дека Манчестер Сити има неповторлива шанса да направи голем успех и да го подигне трофејот во Лигата на шампионите, но во моментите кога посебно го анализираше дуелот меѓу „граѓаните“ и „кралевите“ во осминафиналето, легендарниот напаѓач на Манчестер Јунајтед испрати и една неочекувана порака.

Руни кој беше и капитен на Манчестер Јунајтед смета дека Алекс Фергусон кој е фудаблски и тактички гениј направил една голема грешка во финалињата со Барселона, нагласувајќи го неговиот систем за „самоубиствен“ во дуелите со Пеп Гвардиола.

Јунајтед најпрво загуби во 2009-та година со 2:0 во финалето, а две години подоцна на „Вембли“ беше 3:1 за Барселона.

– Секогаш е тешко за тим како Реал Мадрид да каже „ќе ја предадеме топката на противникот“. Истото важи и за Манчестер Јунајтед.

– Но поради таквиот пристап, да и парираме на Барселона предводена од Гвардиола, на крајот загубивме две финалиња. Обидот да вршиме висок пресинг и да се надигруваме со нив беше самоубиствен потег. Се сеќавам дека Сер Алекс Фергусон рече „Ние сме Манчестер Јунајтед, ние ќе напаѓаме, тоа е културата на овој клуб“. Јас не бев најсигурен околу тоа, мислам дека сите играчи длабоко во себе сметаа дека тоа е погрешен пристап. Го напуштивме пристапот кој ни донесе успех една година порано. Двата пати против Барселона бевме надиграни, – заклучува Руни во интервјуто за „Сандеј Тајмс“.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни