Англија
Руни со замерка за Аморим по новиот неуспех на Јунајтед: Наивно е да дава такви изјави

Манчестер Јунајтед доживеа уште едно разочарување со елиминацијата во ФА купот, што за тимот на Рубен Аморим значи уште една загубена опција за продолжување на битката за освојување трофеј сезонава.
„Црвените ѓаволи“ загубија од Фулам на пенали на домашен терен, а по натпреварот менаџерот Аморим уште еднаш потенцирал дека негова главна амбиција во клубот е да го донесе трофејот во Премиер лигата.
За овој дел од изјавата заработи замерка од клупската легенда Вејн Руни.
– Мислам дека Аморим ќе добие потребно време, навистина не е лесно да дојдете среде сезона, но тој мора да размислува за иднината.
– Зборува за освојување на Премиер лигата, но мислам дека треба да се фокусира за подобрување на актуелната позиција на табелата.
– Не сум сигурен дека ќе добие толку многу време за да го одведе тимот до трофеј. Малку е наивно да изјавува дека целта е да ја освои Премиер лигата, бидејќи од актуелната ситуација тоа подразбира навистина долг пат, – рекол Руни.
-
Репрезентација16 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Шпанија24 часа
Ниту Педри, ниту Јамал и Рафиња: Саки го посочи играчот кој најмногу му се допаѓа во Барселона
-
Светски првенства16 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Англија19 часа
Трент прифатил преселба во Реал, навивачите на Ливерпул бесни: Оставете го на клупа до крајот на сезоната…
-
АТП20 часа
Ивановски ги мина квалификациите во Опатија
-
Македонија22 часа
Јандреоски назначен за прв оперативец на ФФМ
-
Репрезентација16 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…
-
Репрезентација17 часа
Драма во судиското продолжение во Скопје: Миовски го искористи подарокот од Ален, Брукс го спаси Велс од пораз во 96.минута (ВИДЕО)