Поврзете се со нас

Англија

Руни со порака до Белингам: Немој да направиш глупост…

Објавено

на

foto: x.com/England

Англија разочара со настапите во групната фаза, но без разлика на лошата игра ја исполни целта и како првопласирана обезбеди место во осминафиналето во кое за ривал ќе ја има Словачка.

Доста играчи треба да бидат на повисоко ниво за да „гордиот албион“ има шанса да биде конкурентен и ја освои титулата. Меѓу оние кои се најважни дефинитивно е Џуд Белингам која имаше добар старт и даде гол против Србија, но потоа падна, не се изнаигра против Данска, Словенија, па Вејн Руни забележал одредено однесување кај него кое не е добро и го предупреди асот на Реал Мадрид да внимава и да не направи некоја глупост.

-Три или четири пати во првото полувреме [против Словенија] не можеше да ја сокрие фрустрацијата. Се вртеше за да ги погледне другите и ги креваше рацете нагоре. Ваквиот говор на телото испраќа порака до навивачите, до неговите соиграчи, до менаџерот..

-Сум бил таму. Точно ја знам позицијата на која се наоѓа. Многупати се најдов себеси во тој простор во меѓународниот фудбал и во одредени моменти од мојата клупска кариера. Само се надевам дека фрустрацијата нема да зоврие до тој степен да добие црвен картон или да направи некоја глупост и да се повреди. Против Словенија изгледаше како да се доближува.

-Во текот на овој турнир изгледаше како да се труди премногу, а кога вие се трудите премногу, носите одлуки што вообичаено не ги носите. Тој ме потсетува на мене на турнирите каде што толку очајно сакаш да постигнеш добар резултат, знаеш дека ти и тимот можете да играте подобро, а тоа допира до тебе. Ама Џуд, немој да направиш некоја глупост, -порачува Руни во колумна за „Тајмс“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни