Поврзете се со нас

Англија

Руни со интересна анегдота од соблекувалната на Јунајтед: Му го скршив телефонот кога видов што направи

Објавено

на

Опширното интервју на Вејн Руни за подкастот на Јунајтед е главна тема низ медиумите на Островот овие два дена.

Најдобриот голгетер во историјата на Манчестер Јунајтед зборуваше за многу работи поврзани со неговата кариера, а во еден момент се осврна и на еден инцидент кој го имал со млад соиграч од клубот.

Имено, Руни морал да му го скрши телефонот на тогаш талентираниот Равел Морисон кој и покрај тоа што бил дел од академијата се однесувал неодоговорно кога добил шанса да работи со фудбалерите од првиот тим.

– Се сеќавам дека во еден момент го скршив телефонот на Равел Морисон. Дојде во соблекувалната на првиот тим кога беше со резервите. Мојот телефон се полнеше, а тој ми го извадил и си го ставил неговиот да се полни.

– Тогаш користевме „БлекБери“ телефони и во еден момент пристигна „и-мејл“ порака на телефонот. Мислев дека телефонот е на некој од моите соиграчи од првиот тим, но кога заклучив дека е од еден од играчите од резервниот тим морав да го скршам, -изјави Вејн Руни.

Таквото неодговорно однесување на Равел Морисон го чинеше добра кариера иако во тој период многумина му предвидуваа голема иднина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни