Англија
Руни си фати сеир сам на себе по ремек-делото на „Олд Трафорд“ (Видео)

Вејн Руни ги наврати фановите низ годините на „Олд Трафорд“ и режираше ремек-дело на хуманитарниот меч организиран од Фондацијата на Манчестер Јунајтед, погодок кој дефинитивно ги разбуди емоциите кај носталгичните фанови на Премиер лигата.
Иако има најмалку 30 килограми повеќе, Руни покажа дека се уште има класа и магија во својата десна нога, бидејќи на перфектниот удар кој го изведе можат да подзавидат огромен број актуелни фудбалери.
Поранешниот капитен на Јунајтед беше стрелец на единствениот гол за својот тим во ремито од 1:1 во регуларниот дел, но во интервјуто за клупската телевизија, самиот призна дека има голем проблем кога треба да трча по топката.
– Мојот гол? Немам проблем кога ја имам топката во нозе, проблемот се јавува во делот за трчање….., – изјави Руни, фаќајќи си сеир сам на себе.
– Да бидам искрен, ова беше малку страшно искуство за мене. Ова беше прв меч после долго време. Сепак, и покрај се, на крајото беше убаво да видам поранешни соиграчи, но и играчи со кои никогаш не сум играл, – изјави Руни.
Y un día, Wayne Rooney volvió a convertir en Old Trafford.
Como si el tiempo no hubiera pasado 🤩🥹pic.twitter.com/67bU6M4GTn
— Pablo Giralt (@giraltpablo) September 7, 2024
-
Италија24 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија19 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија17 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет22 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија16 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет20 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…
-
АТП16 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
ВТА19 часа
Историска победа: Швјонтек ја остави Анисимова на „нула“ и ја освои првата титула на Вимблдон