Поврзете се со нас

Англија

Руни се огласи за срамните слики кои се појавија во јавноста: Им се извинувам на семејството и клубот (Фото)

Објавено

на

Вејн Руни се истакнуваше со скандали надвор од фудбалскиот терен и за време на својата играчка кариера, но тоа останува составен дел од неговиот живот и во ситуацијата кога има далеку поодговорна функција.

Руни како менаџер на Дерби Каунти се најде во центарот на вниманието во англиската спортска јавност, бидејќи таблоидите испорачаа фотографии од приватна забава на која се гледа како Вејн е во друштво на три полуголи девојки во хотелска соба.

Легендарниот голгетер кој има долг брак и среќно семејство се најде на удар во јавноста поради прикажаните слики, за кои пак тој вели дека биле направени чисто за да му се нанесе штета. Руни го пријави случајот во полиција и се пожали дека бил жртва и на изнуда од девојките кои се заканувале дека сликите ќе ги пратат на неговата сопруга Колин.

По вчерашната пријателска со Бетис која Дерби ја доби со 1:0, Руни не сакаше дополнително да навлегува во оваа приказна, и само порача дека им се извинува на своето семејство и клубот за оставената лоша слика.

– Направив грешка. Отидов на приватна забава со двајца мои пријатели и сакам да се извинам на моето семејство и на клубот за сликите кои кружат на интернет. Сакам брзо да го оставам ова зад себе.

– Клубот ми даде поддршка и благодарен сум што Дерби ми дава можност да го вратам клубот кадешто заслужува. Ќе се справам со ова, насочен сум на спортските случувања и следниот предизвик кој го имаме во недела,  – изјави Руни.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни