Поврзете се со нас

Англија

Руни се најде во небрано, но не се откажува: Лесно е да се повлечеш, но јас сум борец

Објавено

на

Некогашниот легендарен фудбалер на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни ќе ја започне својата прва целосна сезона како менаџер на Дерби Каунти.

Руни седна на клупата на овој англиски клуб минатата сезона, кога клубот беше во зоната за испаѓање, а на крај успеа да го спаси и да го зачува во Чемпионшип лигата.

Сепак, сега клубот се соочува со административни проблеми и во моментов Руни има само девет фудбалери од сениорскиот состав на располагање од кои двајца се голмани. На две недели до почетокот на сезоната, Руни истакна дека нема да се откаже туку така и покрај огромните проблеми со кои се соочува клубот.

– Далеку е од идеално, навистина е тешко што не си го знам составот на две недели до стартот на лигата. Како и да е, ние можеме и ние мора да ги средиме работите.

– Ако бидам искрен би ви рекол дека најлесно на еден менаџер кој е во моја ситуација му е да си даде отказ, но ова е предизвик за мене, јас сум борец. Благодарен сум на Дерби што ми ја пружи оваа можности ќе сторам се за да ги надминеме овие проблеми.

– Ако не донесеме играчи во овие две недели, навистина не знам каков тим ќе извадам на почетокот на сезоната. Немам ниту еден стопер, имам само двајца млади играчи, ќе биде невозможно да се состави тим, -изјави Руни.

Во клубот во моментов има слободни агенти кои тренираат и играат пријателски натпревари, но се додека не се реши ситуацијата тие не можат да бидат регистрирани да играати на официјални средби.

Том Керол, Фил Јагјелка, Соне Алуко, Равел Морисон, Андре Виздом, Рајан Олсоп, Ричард Стирман и Сем Болдок се во тимот на Дерби и се очекува тие, штом се решат проблемите да потпишат краткорочни договори со клубот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни