Поврзете се со нас

Англија

Руни отвори сомнежи за историскиот гол на Агуеро: Играч на КПР ја славеше титулата со Сити (Видео)

Објавено

на

На десетгодишнината од незаборавниот и историски момент во Премиер лигата, Манчестер Сити официјално ја инагурираше статуата во чест на Серхио Агуеро, напаѓачот кој го постигна клучниот гол за победа на „граѓаните“ против КПР во 2012-та година.

Во неверојатната шампионска битка со Манчестер Јунајтед, Сити дојде до титулата токму поради голот на Аргентинецот во продолжението на „Итихад“, а иако Вејн Руни признава дека тој гол е историски, истовремено го доведува во прашање и односот на фудбалерите на Квинс Парк Ренџерс.

– Голманот Пади Кени можеше подобро да реагира во неколку ситуации, можеше да спречи голови. Посебно ми привлече внимание една работа.

– Во моментите кога Манчестер Сити го постигнува вториот гол за 2:2, играчите на КПР веднаш им ја враќаат топката и тоа никој не го доведе во прашање. За мене тоа беше многу чудно.

– Исто така, Џибрил Сисе славеше со играчите на Сити по крајот на натпреварот. Да, тоа е историски момент за Премиер лигата, но само ако не сте фан на Манчестер Јунајтед, или ако не сте биле инволвиран како член на Јунајтед. Како и да е, тоа е еден од најголемите моменти во историјата на лигата, – признава Руни во интервјуто за „САН“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни