Поврзете се со нас

Англија

Руни откри кој бил најголем лутко во соблекувалната на Јунајтед: Тој беше кошмарен

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Вејн Руни се предодреди да бие дел од познатите емисии на „Скај Спортс“ во период кога нема активна тренерска функција, а неговите јавни излагања постојано носат и анегдоти поврзани за златната ера на Манчестер Јунајтед.

Најдобриот голгетер во историјата на Јунајтед беше критички настроен кон фудбалерите и Ерик Тен Хаг по поразот од Арсенал изминатиов викенд, но сега во најновото обраќање за „Оверлап“ се наврати не некои поубави времиња кога тимот освојуваше трофеи.

Руни говори за тоа дека во соблекувалната на Јунајтед имало навистина многу различни карактери и темпераменти кои не си одговараат еден на друг, но и покрај се, сите знаеле да пронајдат тимска хемија кога е потребно да се оствари резултат на теренот.

Вејн откри дека еден од најголемите лутковци во соблекувалната на Јунајтед бил Немања Видиќ, кој откако ќе се скарал со одреден согирач, знаел да не проговори збор со месеци.

– Немања Видиќ беше кошмарен во соблекувалната. Знаеше да се скара со некого и потоа целосно да се повлече. Се сеќавам дека не зборуваше со Гигс шест месеци, исто така не зборуваше со месеци и со Евра. Откако ќе имаше караница, знаеше да не зборува со оној со кој се расправал.

– Се сеќавам дека и јас имав различен став со него и се сеќавам дека го фати истиот пат и со мене. Затоа решив да истапам, го тргнав настрана и поразговаравме. Му реков да порасне, ние сме соиграчи и такви работи се нормални, – открива Руни.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни