Англија
Руни откри дека има свој фаворит во шампионската трка меѓу Арсенал и Сити

Арсенал никој не го вбројуваше како сериозен кандидат за титулата на стартот на сезоната и планот беше тимот на Микел Артета да се бори за топ четири пласман, но играта и резултатите на теренот покажаа нешто друго и „топчиите“ покажаа дека се сериозен материјал за трофеј во домашното првенство по пауза од 19 години.
Тимот од Северен Лондон последната титула во Премиер лигата ја освои во 2004-та година, а речиси две децении подоцна, составот кој го предводи Артета има осум бода предност пред Манчестер Сити на десет меча да крајот.
Вреди да се напомене дека Сити има натпревар помалку и доколку победи на заостанатиот меч разликата изнесува 5 бода, што секако е гаранција за голема и жестока битка во завршницата на Премиер лигата.
Многу англиски експерти сметаат дека Арсенал ќе го издржи притисокот и ќе успее да го прекине долгиот пост, но иако Вејн Руни навива за „топчиите“ во шампионската битка, сепак типува дека Сити ќе направи пресврт и ќе ја освои титулата.
– Мислам дека ќе биде возбудливо до самиот крај, бидејќи Арсенал не бил во ваква позиција долго време и тоа може да донесе притисок. Кога ќе почнат последните седум или осум натпревари, тогаш започнува вистинскиот притисок. Навистина ме интересира дали можат да се справат со тоа.
– Јас искрено сметам дека Манчестер Сити ќе биде цело време до нив, имаат искуство и знаат како се освојува титула. Мислам дека Сити на крајот ќе ја добие трката, но ако ме прашувате кој сакам да освои, тогаш се надевам дека тоа ќе биде Арсенал, – изјави Руни.
-
АТПпред 24 часа
Ѓоковиќ откри што му кажал на Алкарас: Видов дека се мачи…
-
Светпред 22 часа
Руни: Нема да му биде лесно на Меси во МЛС лигата, нема да дојде и…
-
АТПпред 11 часа
Алкарас откри што било главна причина за неговите проблеми: Кој го вели спротивното за Ѓоковиќ, тој лаже!
-
Шпанијапред 23 часа
Димитриевски е на листата на потенцијални засилувања за Реал
-
Лига на шампионипред 23 часа
Халанд: Финалето ќе биде посебно, имаме мисија која…
-
Лига на шампионипред 21 час
Де Брујне пред финалето со Интер: Секогаш е истата приказна…
-
Италијапред 8 часа
Погрешен прв чекор: Ѕвезда на Интер падна излегувајќи од автобусот во Истанбул (Видео)
-
Лига на шампионипред 11 часа
Гвардиола ги издвои двајцата играчи на Интер кои посебно го импресионирале: Имам план за финалето