Поврзете се со нас

Англија

Руни очекува многу повеќе од поранешниот соиграч: Сите сакаме да видиме една работа од него

Објавено

на

Foto:twitter.com/BCFC

Маркус Рашфорд беше во страшната форма по Светското првенство и беше клучен играч на Манчестер Јунајтед во вториот дел од минатата сезона, но Англичанецот сега не е ниту бледа сенка на тој играч.

Напаѓачот влезе во лоша голгетерска форма и дополнителен проблем му прават и скандалите кои ги направи со пијанчења по ноќни клубови, а бидејќи се уште има статус на голема ѕвезда во првиот тим на Ерик Тен Хаг, сега доби совет од еден свој поранешен соиграч.

Вејн Руни во својата кариера често знаеше да биде мета на критиките поради начинот на кој се однесуваше надвор од фудбалскиот терен, па сега му препорача на Рашфорд дека треба да ја наведне главата и да почне напорно да работи.

– Маркус е играч кој се проби од школата, има огромен потенцијал и покажа голем дел од него. Сепак, поради различни причини, оваа сезона е многу тешка за него. Видовме работи кои се пренесоа во јавноста и тоа секако дека влијае врз еден фудбалер.

– Не му преостанува друго, освен да ја наведне главата, да ги засука ракавите и да почне напорно да работи, тоа е она што сите сакаат да го видат од него. Неговиот квалитет одновно ќе го однесе до голови. Сакаме да го гледаме како ужива во фудбалот, но и како работи напорно за тимот и за соиграчите. Сите сакаат да го видат тоа од него, – вели Руни.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни