Поврзете се со нас

Свет

Руни: Нема да му биде лесно на Меси во МЛС лигата, нема да дојде и…

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_inside

Лионел Меси својата кариерата ќе го продолжи во Соединетите Американски Држави во редовите на МЛС составот Интер Мајами.

Аргентинецот реши дека е време да го напушти европскиот фудбал и за своја дестинација го одбра САД и клубот од Флорида. Вејн Руни веќе некое време е во оваа земја, прво како играч, а сега и како предводник на Ди-Си Јунајтед, па според него на Меси нема да му биде едноставно во новата конкуренција, шампионат.

-Ќе биде убаво ако ние му бидеме први противници, навивачите одблиску да го видат и ние да се предизвикаме против него. Едно ќе кажам – нема да му биде лесно. Лигата е тешка лига и мислам дека тој нема да дојде овде и веднаш „лом“ да направи.. Ќе мора да се прилагоди бидејќи е малку поинаку, нема да има лесно возење, -вели Вејн кој очекува Меси да има големо влијание на фудбалот, играта.

-Мислам дека е одлично, да се донесе Меси во лигата. Сите го видовме, со текот на годините, влијанието на [косопственикот на Интер Мајами] Дејвид Бекам, доаѓањето на [поранешен напаѓач на ЛА Галакси] Златан [Ибрахимовиќ]. Различни играчи од странство. Да го имате Меси во лигата, веројатно најдобриот играч на сите времиња, а сепак – тој е малку постар – но не така одамна го освои Светското првенство скоро сам. Ќе биде одлично за лигата, за Мајами, -порача англиската легенда.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни