Поврзете се со нас

Англија

Руни нема да игра за Дерби против Вајкомб и ќе отвори ново големо поглавје во својата кариера

Објавено

на

Еден од најдобрите англиски напаѓачи во историјата, Вејн Руни полека но сигурно се подготвува за неговата следна цел во кариерата, а тоа е тренерската работа која ќе ја продолжи откако ќе стави крај на активното играње фудбал.

Играчот на Дерби Каутни кој уште откако дојде во клубот имаше статус на играч-тренер сега за прв пат ќе се соочи со предизвикот и ќе го води тимот кој се мачи во Чемпионшип лигата на еден првенствен натпревар.

Дерби по слабиот старт на сезоната му врачи отказ на Филип Коку, а потоа тимот го презедоа четворица тренери во клубот, меѓу кои беше и Вејн Руни.

До вчера за главен тренер беше поставен Лиам Росениор, а него му помагаа Шеј Гивен, Џастин Вокер и Вејн Руни.

На натпреварот со Вајкомб честа да го води тимот кој западна во тешка резултатска криза ќе ја има токму Руни кој нема да игра на овој натпревар туку од клупата ќе го диригира својот состав.

Победата е неопходна за тимот на Дерби кој пред две сезони се најде на чекор до пласман во Премиер лигата,  за да се одлепи и да ја напушти последната позиција на табелата на која се заковани во моментов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни