Англија
Руни му одговори на Роналдо: Коментарите му се чудни, годините го стигнуваат, па тешко му е…
Кристијано Роналдо во своето последно експлозивно интервју кое го одработи со Пирс Морган не штедеше никого, па подбра и некои асови со кои во минатото ја делеше соблекувалната како Гери Невил и Вејн Руни.
Гери и Вејн имаа одредени критики за Португалецот за неговото однесување, играчите, но напаѓачот тоа го сфати лично и удри „под појас“. Поранешниот англиски репрезентативци останаа мирни и немаа некој директен одговор кон ѕвездата на Јунајтед, но имаа што да кажат.
Роналдо е разочаран од Руни и Невил: Тие не се мои пријатели (ВИДЕО)
Кристијано во бомбастичното интервју го „испегла“ и Руни: Тој ја заврши кариерата, а јас…..
Последен тоа го направи Руни кој запрашан за потегот на Кристијано тој кратко, директно порача:
-Кристијано е фантастичен играч. Тој и Меси се веројатно двајцата најдобри играчи кои ја играале оваа игра. Тоа не е критика, она што го кажав е дека годините не стигаат сите, а на Кристијано му е тешко да се справи со тоа.
-Тој направи интервју и стана глобално. Некои од коментарите се малку чудни, но сигурен сум дека Манчестер Јунајтед ќе се справи со тоа штом ќе го види целосното интервју и ќе преземе што треба да преземе, -порача Вејн за „Си-Ен-Ен“.
-
НБА13 часа
Хиро најдобар „тројкаш“ во Сан Франциско, Вембенјама и Пол си поиграа со Ол-стар правилата и добија дисквалификација (Видео)
-
Шпанија6 часа
Белингам испрати нова порака за вчерашното исклучување и им се извини на соиграчите
-
Италија8 часа
Фабрегас има „бисер“ во својот тим: Мајсторијата на Нико Паз го „смрзна“ Де Хеа (Видео)
-
НБА13 часа
Ол-стар лудорија: МекЛанг го направи незамисливото и испиша НБА историја (Видео)
-
Шпанија10 часа
Белингам „падна во замката“ за која Роналдо предупреди уште во 2018. година (Видео)
-
Шпанија14 часа
Анчелоти: Се случија многу чудни работи на последните три натпревари…..
-
АТП7 часа
Вавринка разочаран од одлуката за Синер, екс шпански тенисер застана во одбрана на Италијанецот
-
Англија10 часа
Емотивниот Мартинез се исповеда пред новиот тежок процес кој следи во кариерата (Фото)