Поврзете се со нас

Англија

Руни ја потенцираше големата јануарска трансфер грешка на Гвардиола: Навистина чуден потег

Објавено

на

Foto:twitter.com/BCFC

Вчерашното дерби против Реал Мадрид во Лигата на шампионите уште еднаш потврди дека Манчестер Сити е многу ранлив на десната страна од теренот, а неубедливите изданија на Аканџи и Рико Луис го натераа Вејн Руни да ја потенцира погрешната трансфер стратегија на англискиот првак во зимскиот преоден рок.

Легендарниот играч на Манчестер Јунајтед верува дека Пеп Гвардиола морал да го блокира трансферот на Кајл Вокер, исто како што тоа своевремено го направил Жозе Мурињо со него на „Олд Трафорд“.

– Овој натпревар ни покажува какво значење имаше Кајл Вокер за Сити во последните седум години, навистина е чудно тоа што Вокер заврши на позајмица во Милан. Аканџи очигледно не е десен бек, Рико Луис е млад фудбалер кој постојано игра на различни позиции. Во период од сезоната кога Сити се мачи, Кајл Вокер мораше да остане. Тој е капитен на клубот, за мене е навистина чудно што го пуштија на позајмица.

– Сити требаше да го задржи дури и против негова волја. Играчот има важечки договор и во фудбалот постои време кога е најдобро да си заминете. Мислам дека требаше да остане до крајот на сезоната, а потоа да си оди. Сезоната во Премиер лигата е готова, но можеше да помогне за Лигата на шампиони.

– Ја имав истата ситуација со Мурињо во Манчестер Јунајтед. Не играв и сакав да си одам, но имав конверзација со него во јануари и тој ми порача да останам до крајот на сезоната. Побара од мене да им помогнам во Европа. Не бев среќен, но го послушав и си заминав на крајот од сезоната. Тоа требаше да се случи и со Вокер, – вели Руни.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни