Руни ја обелодени посебната тактика на Ферги: Со неа ги уништувавме ривалите!

fergi-runi

Англиските медиуми на големо вадат извадоци од опширното интервју кое го направи Вејн Руни за познатото американско шоу „Мен ин блејзерс“ во телевизијата „NBCSN“, но ако веќе беше откриен говорот на поранешниот капитен во кој тој зборува за лидерите во соблекувалната на Манчестер Јунајтед, сега на ред дојде тактиката на фудбалскиот гениј од Шкотска.

Легендарниот Сер Алекс Фергусон повеќе од две децении го водеше Јунајтед и го одведе до историски достигнувања кои никој не можеше да ги замисли, а иако целата светска јавност го имаше претопено мислењето дека неговата тактика е само „напад, напад и напад“, Руни сега потенцира дека тоа не било баш така.

– Луѓето многу често прават споредби меѓу нашиот и актуелниот тим на Јунајтед. Сите велат дека тактиката се засноваше на „напад, напад и напад“. Но, всушност не беше така. Многу натпревари знаевме да ги играме на контра напади, да го навлечеме противничкиот тим и потоа да го скршиме со нашата брзина. Тоа обично го правевме со Арсенал. Не беше само, излезе на теренот и напаѓач. Знаевме да калкулираме на одредени натпрвари и да го извадиме најдоброто од себе на таков начин. Знаевме како да го повредиме противникот на контри и навистина уништувавме со тоа, – вели Руни.

Facebook Коментари