Поврзете се со нас

Англија

Руни ја искоментира кризата во Јунајтед и застана во одбрана на Тен Хаг: Анализата треба да оди во друг правец

Објавено

на

Foto:twitter.com/BCFC

Вејн Руни е фудбалска легенда на Манчестер Јунајтед и воопшто на англискиот фудбал, а како тренер кој неодамна доби огромна обврска да го води Бирмингем, реши да застане во одбрана на човекот кој добива се повеќе критики на „Олд Трафорд“.

Ерик Тен Хаг се наоѓа на голем удар и дел од медиумите почнаа да шпекулираат со имиња на тренери кои би го замениле на клупата на Јунајтед, но Руни смета дека проблемот не треба да се бара кај Холанѓанецот, туку кај фудбалерите кои според него покажуваат далеку послаби перформанси од очекуваното.

Новиот менаџер на Бирмингем ги прозва скапите ѕвезди на Јунајтед кои не можат да одговорат на потребното ниво како тим, односно побара од нив да покажат реакција и да го намалат притисокот врз тренерот.

– Таква е оваа работа на менаџерите. Сите знаеме во што се впуштаме пред да преземеме некој клуб. Јас знаев дека ќе имам многу притисок во Бирмингем, а Тен Хаг знаеше што го чека во Манчестер Јунајтед.

– Сепак, анализата треба да оди и во друг правец. Играчите се тие кои треба да преземат одговорност. Гледам играчи кои не играат на нивото на кое треба да играат. Во фудбалот се почнува и завршува со менаџерот, тој има најголема одговорност и ќе ги прими критиките, но мислам дека играчите на Јунајтед може да направат многу повеќе за него од тоа што го прикажуваат, – изјави Руни.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни