Поврзете се со нас

Англија

Руни има понуда да преземе клуб од Чемпионшип лигата

Објавено

на

Foto:twitter.com/BCFC

Легендата на Манчестер Јунајтед, Евертон и на англискиот фудбал, Вејн Руни има можност да преземе клуб од Чемпионшип лигата.

Руни нема ангажман откако беше избркан од Бирмингем, но сега му се отварата вратата и може да седне на клупата на Плимут. Овој клуб е во потрага по нов стратег и истиот може да биде Руни кој има добар однос со сегашниот директор, Нил Дјузснип кого го познава од времето од Евертон.

Вејн во повеќе наврати има порачано дека е подготвен за нов ангажман, па останува да се види дали Плимут ќе биде четвртиот тим во досегашната тренерска кариера (претходно беше главен во Дерби, Ди-Си Јунајтед и Бирмингем).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни