Англија
Руни го презема Бирмингем, ангажираше две познати имиња во стручниот штаб

Вејн Руни денеска и официјално е назначен за нов менаџер на Бирмингем, со што доби нов тренерски ангажман само неколку дена по разделбата со претходниот клуб.
Поранешниот англиски репрезентативец не успеа да обезбеди пласман во МЛС плејофот со Ди-Си Јунајтед, па клубот и тој решија да се разделата и да продолжат во различни насоки.
Затоа Руни не чекаше долго за новиот предизвик, па денеска е претставен за нов предводник на второлигашот Бирмингем, кој во моментов е на шестото место на табелата во Чемпионшип.
Руни назначи познати имиња за негови помошници, а тоа се поранешниот англиски репрезентативец Ешли Кол и неговиот екс соиграч од Манчестер Јунајтед, Џон О’Шеј. Двајцата имаат обврски во англиската и ирската сениорска репрезентација и ќе работат паралелно во Бирмингем.
Пред да работи во САД, Руни во Англија го предводеше тимот на Дерби Каунти.
Birmingham City Football Club is delighted to announce the appointment of @WayneRooney as Manager, agreeing terms on a three-and-a-half-year contract.
Welcome to Blues, Wayne! 🤝🔵
— Birmingham City FC (@BCFC) October 11, 2023
-
Англијапред 20 часа
Гвардиола за контроверзниот момент на дербито: Не можам да го разберам потегот на судијата (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Кин за врската со Фергусон: Зошто да имам добар однос со некој кој ве фрла под автобус?
-
Англијапред 23 часа
Хау ја посочи најлошата вест од победата над Јунајтед
-
Англијапред 7 часа
Гвардиола имал „Ван Гал момент“ по голот на Кулушевски (Фото)
-
Англијапред 17 часа
Контроверзната судиска одлука го испровоцира: Халанд беснееше на теренот, па продолжи на социјалните мрежи
-
Шпанијапред 24 часа
Анчелоти: Валверде ужива на новата позиција на теренот
-
Италијапред 18 часа
Мурињо ја доби „војната“ со Берарди и Сасуоло и упати една уште една провокација до ривалот
-
Англијапред 21 час
Тен Хаг образложи зошто бесно викаше кон еден свој фудбалер: Тоа беше порака до целиот тим (Видео)