Поврзете се со нас

Англија

Руни го посочи најкомплетниот играч од триото „Сколс-Лампард-Џерард“ и изненади со својот избор

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Вејн Руни како најдобар играч со кој соработувал во својата клупска кариера го избра Кристијано Роналдо, па иако за него Пол Сколс е на второто место, сепак смета дека една друга англиска легенда бил покомплетен играч.

Во најновото обраќање кое го имаше за „Оверлап“, најдобриот голгетер во историјата на Јунајтед опфати една тема која секогаш ќе биде интересна во англиската јавност, па избра и свој фавориот од триото Сколс, Лампард и Џерард.

Иако има високо мислење за трите фудбалски легенди, Руни најголем впечаток добил од Стиви Џи, кој според него на теренот правел работи кои Сколс и Лампард не можеле да ги прават.

– Пол Сколс, Стивен Џерард и Френк Лампард се различни играчи. Ако гледаме како цел пакет и играч кој може да опфати се на теренот, Стиви е најдобар. Тој може да се брани, да ја додаде топката, да направи старт, да постигне гол и да изведе прекин. Ако се гледа сеопфатниот дел во фудбалот, тој е најдобар од тројцата.

– Ако се гледа само голгетерска смисла, во тој случај Лампард е најдобриот. Головите кои ги постигна како играч за врска беа неверојатни, но технички тој не беше на ниво на Стиви или Сколси.

– Сколс пак беше уникатен по тоа како се адаптираше на средината. Во младинската школа беше напаѓач, потоа стана „10-ка“, а потоа стана дефанзивен играч за врска и го диктираше темпото. Ниту Џерард, ниту Лампард не можат да го диктираат темпото како Сколс. Сите тројца играчи беа светска класа, Стиви можеше комотно да дојде во Јунајтед и да го прави тоа што го правеше Сколс. Од друга страна, не сум сигурен дека Сколс можеше да го прави тоа што го правеше Стиви во Ливерпул, – вели Руни кој во новата сезона ќе биде менаџер на Плимут.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни