Поврзете се со нас

Англија

Руни го издвои најдобриот англиски играч на сите времиња и го шокираше Невил: Тоа е…

Објавено

на

Англија е земја во која фудбалот е религија, земја која има дадено голем број на квалитетни играчи, супер ѕвезди кои значат многу во историјата на овој спорт.

Кога се во прашање успесите на оваа селекција во сениорскиот фудбал секако тие не се на очекуваното ниво ако се земе предвид дека тие се водат како колевка на фудбалот, односно секогаш се крева голема врева за нив, но севкупно кога се во прашање големите турнири европските и светските првенства имаат само еден пехар и тоа на мундијалот во 1966 година.

Англичаните сега имаат можност тоа да го променат со оглед на тоа што следува ЕП во Германија каде четата на Саутгејт важи за еден од главните, топ фаворити за пехарот. Во овој состав според Вејн Руни, Англичаните го имаат најдобриот играч во својата историја-тоа е Хари Кејн.

-Мислам дека тој е неверојатен. Погледнете ги сите голови што ги има постигнато и асистенциите што ги додаде во последните неколку години. За мене, би рекол дека тој е најдобриот играч на Англија на сите времиња, -истакнал Руни и го шокирал Гери Невил.

-Најдобриот англиски играч? Тоа е силна изјава, особено од тебе, -истакнал Гери на што Вејн порачал:

-Верувам во тоа. Никогаш нема никакви проблеми со него. Тој никогаш не пропушта натпревари, тој е ултра-професионален. Тоа е заедничка тема со најдобрите играчи, -подвлекол Руни кој своевремено беше најдобар англиски стрелец, титула која сега ја има токму ѕвездата на Баерн Минхен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни