Поврзете се со нас

Англија

Руни го избра најдобриот играч на Јунајтед во актуелната сезона и изненади со изборот

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Вејн Руни вчера беше присутен на „Олд Трафорд“ и во живо го гледаше натпреварот кој го играат двата негови поранешни клубови, бидејќи добро познато е дека напаѓачот пристигна во Манчестер Јунајтед токму од редовите на Евертон.

Руни имаше и свои задачи за британските телевизии и беше специјален гостин на „ТНТ Спортс“, па заедно со Рио Фердинанд ги коментираа најинтересните случувањата на теренот.

Јунајтед победи со резутлат 2:0 благодарение на двата пенали кои ги изнуди Аргентинецот Гарначо, а токму тој доби специјални пофалби од Руни и беше наречен играч на сезоната од страна на најдобриот голгетер во историјата на Јунајтед.

Иако многумина сметаат дека Гарначо понекогаш претерува и не ни приближно важен како капитенот Бруно Фернандеш, Руни потенцира дека кај младиот фудбалер посебно му се допаѓа страста со кога игра.

– Гарначо беше играчот кој правеше да се случат работи на теренот. Тој беше убедливо најдобар играч на теренот против Евертон. Неговата работна етика е извонредна, начинот на кој трча без топка е извонреден. Тој е млад играч, ќе прави грешки, но се уште е во фаза на учење и ќе стане само подобар.

– Гладта која ја покажува е она што сака да го види секој фудбалски фан. Навистина сум презадоволен од него оваа сезона, тој е специјален талент и мислам дека наредните години ќе гледаме уште подобри бројки од него. Се уште е во фаза на развивање, но за мене е играч на сезоната на Манчестер Јунајтед, – изјави Руни.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни