Поврзете се со нас

Англија

Руни: Фергусон е поуспешен тренер од Гвардиола

Објавено

на

foto:www.facebook.com/dcunited

Вејн Руни е убеден дека неговиот поранешен менаџер, Алекс Фергусон и натаму има предност во однос на помладиот Пеп Гвардиола, кога се во прашање успесите постигнати во тренерската кариера.

Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед ги споредил менаџерите со голем број титули во Премиер лигата, но и останатите натпреварувања, па смета дека Сер Алекс и натаму е пред Пеп, иако Шпанецот стана прв менаџер кој го одвел својот тим до четири титули по ред во Премиер лигата.

– Секогаш ќе има различни аргументи кога ќе се прави ваква споредба, но мислам дека луѓето гледаат само на Манчестер Јунајтед кога зборуваат за Алекс Фергусон, а го забораваат неговиот престој во Абердин.

– Тоа што го направи со Абердин е неверојатно и ја би прашал дали сметате дека Гвардиола би имал успеси со таков тим?

– Секако дека Гвардиола е најдобар во својата ера, поради резултатите и начинот на кој го промени фудбалот, но за мене постигнувањата на Фергусон се неверојатни, – рекол Руни.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни