Поврзете се со нас

Англија

Руни: Еден соиграч ми влезе со ужасен старт еден ден откако побарав трансфер, нема да ме чуди ако тоа го побарал Ферги

Објавено

на

foto: twitter.com/BCFC

Вејн Руни си договори тренерски ангажман за следната сезона и ќе биде менаџер на Плимут, но во меѓувреме ги одработува сите медиумски обврски кои ги имаше за време на финалето во ФА Купот, но и по натпреварот на „Вембли“.

Во специјалната емисија на „Скај-Бет“, Руни за свој соговорник го имаше поранешниот соиграч Гери Невил и реши да сподели една интересна пикантерија од 2010-та година кога сосема изненадно побара да биде ставен на трансфер пазарот.

Разочаран од тоа како се одвиваат работите во клубот по продажбата на Роналдо и Тевез, Руни побара да биде продаден на крајот на 2010-та година пред зимскиот преоден рок, па иако во продолжение се премисли, сега открива дека неговиот потег предизвикал голема тензија во соблекувалната.

Дел од соиграчите останале бесни од потегот кој го повлекол, а Пол Сколс бил оној кој бил најгневен и кој бесот го истурил веќе на следниот тренинг.

– Пред викенд натпреварите, секогаш игравме жесток натпревар на петочниот тренинг, дел од стартовите кои си ги правевме беа ужасни. Фергусон често знаеше да ја сопира играта и да вика по нас. Се сеќавам дека Сколси една ме почисти пред натпревар во 2010-та година.

– Тоа го направи еден ден откако Фергусон зборуваше за тоа дека сум побарал трансфер на официјалниот прес. Нема да ме чуди ако Ферги го побарал тоа од Сколс пред тренингот. Се шегувам, но сепак се чувствуваше тензијата во тој период, – открива Руни.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни