Англија
Руни бил блиску да игра за друга репрезентација: Тоа ќе беше одлично

Вејн Руни е еден од најголемите англиски фудбалери на сите времиња, човек кој одигра 120 натпревари за националниот тим со што е на второто место на вечната листа, а во еден момент и беше најдобар стрелец, рекордер пред Хари Кејн да го надмине неговиот учинок во 2023 година.
Меѓутоа приказната можела да биде сосема поинква затоа што Руни може да игра за друга репрезентација, држава, а многу малку фалело за да се реализирало тоа сценарио.
Имено Руни поради корените можел да ја претставува Република Ирска, ама ја одбил таа идеја кога му кажале дека треба да игра за националниот тим до 21 година.
Запрашан за тоа која држава би ја претставувал покрај Англија, легендата на Манчестер Јунајтед јасно одговори:
-Ирска. Тоа ќе беше одлично. Мик [Мек Карти] ми се јави кога имав 16 години. Разговарав со Ли Карсли и тој разговараше со Мик. Бев блиску да го направам тоа, а потоа ми рекоа дека сакаат да ме повикаат во Ирска до 21 година. Јас бев на тоа дека не играм за Ирска до 21 година, ако ме сакате, тогаш изберете ме во соодветниот тим. Тоа никогаш не се случи и почнав да играм за Англија, -обелодени Руни.
-
Шпанија13 часа
Барселона му фати голем сеир на Реал по неверојатниот пресврт против Селта Виго (Фото)
-
Шпанија8 часа
Барселона излезе со соопштение за повредата на Левандовски, познато е на кои натпревари сигурно нема да игра (Фото)
-
Англија12 часа
Ѕвезда на Астон Вила: Бев бесен за минутажата против ПСЖ и му го кажав тоа на Емери
-
Шпанија22 часа
Валверде застанал во одбрана на колегата Анчелоти: Како треба да се чувствуваме ние останатите
-
Лига на шампиони12 часа
Фердинанд типуваше кои два тима ќе играат во финалето во Минхен и го потврди својот јасен фаворит за трофејот во ЛШ
-
Шпанија24 часа
Флик по драматичната победа над Селта: Посебно сум среќен поради една работа
-
Шпанија9 часа
Ансу Фати долго се загреваше, па целосно „експлодираше“ откако беше вратен на клупата за резерви (Видео)
-
Англија5 часа
Сарабија со мајсторија донесе историја за Вулвс на „Олд Трафорд“, Арсенал и Челси остварија победи на гостински терен (Видео)